Рекордна зделка: Ливерпул осигура огромен спонзорски договор!

March 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Рекордна зделка: Ливерпул осигура огромен спонзорски договор!

Ливерпул денеска ја официјализираше новата соработка со „Адидас“, кој повторно ќе биде задолжен за нивните дресови од следната сезона. Овој договор означува враќање на германскиот бренд на „Енфилд“ по пауза од 13 години. Во претходните периоди, „Адидас“ ги облекуваше „црвените“ од 1985 до 1996 година, како и од 2006 до 2012 година. Иако финансиските детали не се објавени, се шпекулира дека Ливерпул ќе заработува повеќе од 70 милиони евра – сумата што моментално ја добива од „Најк“. Клубот и натаму ќе ги носи дресовите на „Најк“ до крајот на сезоната, како и за време на подготовките за новата кампања, пред официјално да ја започне соработката со „Адидас“. Ливерпул во моментов е фокусиран на освојувањето на титулата во Премиер лигата, а доколку не дојде до неочекуван пресврт, трофејот ќе го прослават во актуелните дресови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.