March 11, 2025 | | Свет
Сосопственикот на Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф, зборуваше за моменталната состојба во клубот, признавајќи дека некои одлуки се непопуларни, но неопходни за стабилизирање на тимот. „Знам дека ова е тежок период за навивачите, а некои чекори што мора да ги преземеме не се лесни. Но, ако сакаме Манчестер јунајтед повторно да биде клуб што освојува трофеи, тогаш мора да ги направиме овие потези. Ако не го сториме тоа, ќе останеме на истото ниво како изминатите 12 години,“ изјави Ретклиф за „Би-би-си“. Тој ја истакна својата визија за иднината на клубот, потенцирајќи дека сака Јунајтед да се врати на врвот на европскиот фудбал, рамо до рамо со екипи како Реал Мадрид, Манчестер Сити и Ливерпул. Ретклиф, кој влезе во управата на клубот пред една и пол година, воведе мерки за финансиска стабилизација. Манчестер јунајтед, по 28 одиграни кола, се наоѓа на 14. место во Премиер лигата со 34 освоени бода.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |