March 10, 2025 | | Свет
Мнозинскиот сопственик на Манчестер Јунајтед Сер Џим Рeтклиф во интервју за BBC зборуваше за ситуацијата во клубот, тренерот, трансферите, успесите и трофеите. Во однос на засилувања кои Манчестер Јунајтед ги има донесено, а кои се покажаа како промашувања и се преплатени, тој отворено кажа одредени имиња. „И ова лето ќе исплаќаме одредени бонуси за Санчо, Касемиро, Мартинез, Хојлуд, Онана, и тоа по околку 17 милиони фунти за секој. И да не направиме нови трансфери, се уште ги плаќаме нив. Тоа не е дугме кое можеме да го исклучиме. Тоа се работи од минатото, кои сакале или не, ги наследивме и мораме да се справиме со нив. За Санчо кој сега игра за Челси, плаќаме половина од неговите примања. Ова лето ќе платиме и 17 милиони фунти за него. „Дел од нив не се доволно добри, дел се преплатени. За ние да направиме тим за кој ќе бидеме одговорни ќе ни биде потребно време. Ни треба време да го надминеме минатото“, изјави Ретклиф.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |