March 15, 2025 | | Свет
Сер Џими Ретклиф, еден од сопствениците на Манчестер Јунајтед, во интервју за „Би-би-си“ откри многу контроверзни информации. Тој ја изнесе својата критика за фудбалерите, но и ги откри финансиските проблеми на клубот, а исто така зборуваше и за промашувањата на претходното раководство. Според Ретклиф, ангажманот на Дејвид Мојс бил голема грешка. Шкотскиот тренер беше поставен на клупата на Јунајтед во 2013 година за да го наследи легендарниот Сер Алекс Фергусон. „Ми се допаѓа Дејвид Мојс и сметам дека е добар менаџер, но да бидеш поставен да го наследиш Фергусон... Тоа е нешто што јас не би го направил. Мојс пристигна во Јунајтед со задачата да ги пополни чевлите на човек кој 13 пати ја освои Премиер лигата и двапати ја освои Лигата на шампиони“, изјави Ретклиф. Тој смета дека Мојс не имал доволно карактер за да стои пред големите играчи во тимот. „Не сум сигурен дека дури и Реал Мадрид би донел таква одлука. Клубот секогаш треба да има добар тренер и добар оперативец, а Јунајтед, како најголем клуб во светот, мора да ги има најдобрите. Наместо тоа, Јунајтед направи две погрешни одлуки по заминувањето на Фергусон“, заклучи Ретклиф.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |