December 23, 2024 | | Свет
Барселона одигра одличен меч против Атлетико Мадрид, веројатно најдобриот од последното соочување со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, неефикасноста во нападот и некои индивидуални грешки доведоа до тоа каталонците да загубат, што резултираше со пад на третото место на прволигашката табела во Шпанија. Иако избраниците на Флик создадоа многу шанси, нивната реализација беше далеку од потребното ниво. Роберт Левандовски, и покрај неколкуте добри ситуации, повторно потврди дека има пад на формата, а едно негово промашување ќе остане во сеќавањата на навивачите. Тоа беше промашување кое можеби и не би било признато, бидејќи се чини дека Феран Торес беше во недозволена позиција. При резултат 1-1, Торес се уфрли од втор план и испрати одличен пас до Левандовски, кој не успеа да ја реализира шансата. Реакцијата на резервите на Барселона, особено на Де Јонг и Араухо, говори многу за нереализираната шанса.
The reaction from our subs says it all 😶 pic.twitter.com/DiQSRZpNrR
— total Barça (@totalBarca) December 23, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |