Ридигер ќе мора да замине на операција

April 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ридигер ќе мора да замине на операција

Стоперот Антонио Ридигер мака мачи со повреда на менискусот, која сериозно го ограничува на тренинзите и му создава силна болка во левото колено. Повредата го следи веќе извесен период, а напорното темпо и честите натпревари во последните недели ја влошија ситуацијата, што доведе до драстично намалување на неговата физичка подготвеност и учество во тренажниот процес. Ридигер досега одбиваше да размислува за операција, свесен дека ваков потег би значел неколкумесечно отсуство од терените. Сепак, по елиминацијата од Лигата на шампионите и со завршницата на сезоната на повидок, Германецот е сè поблиску до таа одлука. Според информации блиски до клубот, Ридигер има намера да „истурка“ уште еден месец до крајот на сезоната, а потоа да замине на оперативен зафат кој ќе му овозможи целосно закрепнување и враќање во топ-форма за следната сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.