Ридигер призна: Седум месеци играм со страшна болка

April 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ридигер призна: Седум месеци играм со страшна болка

Антонио Ридигер, дефанзивецот на Реал Мадрид, преку објава на социјалните мрежи сподели дека конечно се подложил на хируршка интервенција поради хронични болки во коленото. Германскиот репрезентативец изјави дека веќе седум месеци се мачел со силни болки, но ја одложувал операцијата се додека третманите без хирургија не престанале да даваат резултати. „И покрај болките, се обидував да бидам таму за мојот тим, но на крајот мораше да дојде и оваа операција на менискусот“, напиша Ридигер. Според информациите, тој страда од остеоартритис, состојба која често предизвикува воспаление и болка во зглобовите, особено во колената. Сепак, по успешната хируршка интервенција, тој изрази благодарност до медицинскиот тим на клубот, особено на докторот Гидо Спирандели „Најважно е што конечно чувствувам олеснување, болките исчезнаа. Сега почнува фазата на опоравување“, изјави тој. Ридигер е решен што побрзо да се врати на теренот, имајќи ги во предвид претстојните важни натпреварувања, Лигата на нации и Светското клупско првенство. „Ќе напредувам чекор по чекор. Ќе направам сè што е во моја моќ за да бидам подготвен“, рече тој. Според првичните прогнози, неговото отсуство ќе трае од шест до осум недели, во зависност од текот на рехабилитацијата. Некои извори велат дека би можел да се врати и побрзо, ако закрепнувањето оди според најдобрите очекувања.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.