Ридигер реши да одглуми, но ВАР го „фати“! (ВИДЕО)

September 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ридигер реши да одглуми, но ВАР го „фати“! (ВИДЕО)

ВАР спречи Реал Мадрид да не добие уште еден скандалозен пенал. Во последното коло тие добија два спортни пенали против Реал Сосиедад, а сега истото можеше да се случи и во ова натпреварување. Стоперот на Реал Антонио Ридигер падна како некој да го собра, но тоа беше само обид за глума. Судијата прво покажа на белата точка, но потоа ВАР-собата го повика да ја прегледа снимката за тој самиот да донесе одлука, па веднаш се виде дека тој очајно сакаше да изглуми.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.