Ридигер се закачи со противникот, овој го посрамоти! (ВИДЕО)

October 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ридигер се закачи со противникот, овој го посрамоти! (ВИДЕО)

Лил успеа да оствари историска победа против Реал Мадрид каде минимално славеа во второто коло од Лигата на шампионите. Она што привлече внимание беше конфликтот помеѓу Антонио Ридигер и Бафоде Диаките. Тие двајцата имаа дуел лице в лице каде Ридигер тргна да се пресметува со Диаките кој се повлече и со раката направи гест сигнализирајќи дека на Рудигер му мириса здивот. Интервенираше и Дани Карвахал кој го фати противникот за врат, а судијата реши да му покаже жолт картон на Диаките.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.