January 8, 2025 | | Свет
Изгледа дека македонскиот интернационалец и капитен на Динамо Загреб, Стефан Ристовски, ќе продолжи да игра за „модрите“ уште долго време. Неговиот актуелен договор со клубот истекува во јуни, но управата на Динамо веќе започна напори за негово продолжување или потпишување нов договор со македонскиот фудбалер. Според информации од хрватските медиуми, Динамо е решен да го задржи Ристовски, кој е еден од столбовите на тимот. Во моментов, двете страни интензивно преговараат, а засега нема индиции дека ќе се појават пречки во постигнувањето договор. Ристовски пристигна во Динамо Загреб во февруари 2021 година од Спортинг Лисабон. Во јуни 2023 година потпиша нов договор на две години, а сега се очекува новиот договор да го задржи во клубот најмалку до 2027 година. За време на својот престој во Динамо, Ристовски стана еден од омилените играчи меѓу навивачите, а доби и капитенска улога во најголемиот клуб во Хрватска и регионот. Во моментов, Стефан Ристовски заработува 730.000 евра по сезона.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |