Ристовски го одби новиот договор со Динамо, следна дестинација ОАЕ?

May 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ристовски го одби новиот договор со Динамо, следна дестинација ОАЕ?

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски ќе ја напушти екипата на Динамо Загреб ова лето, објавија денеска хрватските медиуми. Иако веста не е изненадување за хрватската јавност, таа доби официјална потврда откако стана јасно дека Ристовски ја одбил понудата за нов договор со скратени финансиски услови. Договорот на Ристовски со „модрите“ истекува по завршувањето на актуелната сезона, а неговото заминување од „Максимир“ е веќе извесно. Според најавите, тој ќе го напушти Загреб во понеделник, ден по последниот првенствен натпревар на тимот. Сѐ уште нема официјална информација за неговата следна дестинација, но се шпекулира дека 31-годишниот бек би можел да се пресели во клуб од Обединетите Арапски Емирати. Друга можност која се споменува е привремено враќање во Македонија. Ристовски беше дел од Динамо од 2021 година, а за клубот одигра значајна улога на домашната и европската сцена. Со неговото заминување, клубот губи еден од поискусните играчи и лидер во соблекувалната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.