Ристовски им се извини на навивачите по црвениот картон (ВИДЕО)

March 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ристовски им се извини на навивачите по црвениот картон (ВИДЕО)

Дербито меѓу Динамо Загреб и Хајдук заврши без победник (2-2), а Стефан Ристовски несакано се најде во центарот на вниманието поради исклучувањето во второто полувреме. Натпреварот започна одлично за Ристовски, кој во петтата минута му асистираше на Батурина за водство од 1-0. Сепак, работите се искомплицираа за Динамо кога Адеми мораше да го напушти теренот поради повреда во 28. минута. Само три минути од вториот дел беа доволни за Пјер Габриел да го врати водството на Динамо на 2-1, откако Фрањиќ претходно си даде автогол во 31. минута. Ристовски прво доби жолт картон во 55. минута, а седум минути подоцна беше исклучен при водство на Динамо. Хајдук ја искористи бројчаната предност и во 91. минута преку Кровиновиќ успеа да израмни.

По натпреварот, Ристовски се обрати на навивачите преку социјалните мрежи: „Сакам да се извинам на тимот и фановите за исклучувањето. Секогаш давам сè од себе, но овој пат тоа го отежна натпреварот. Ќе продолжиме да се бориме додека постои и најмала шанса за титулата.“

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.