Ристовски: Им се извинувам на навивачите, бараме да ни простат

September 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ристовски: Им се извинувам на навивачите, бараме да ни простат

Динамо Загреб вчера беше прегазен каде го забележа најголемиот пораз во историјата на Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај Баерн Минхен загуби со 9-2. За прв пат вчера бевме сведоци еден тим да прими дури девет гола во ова натпреварување. Нашиот Стефан Ристовски по поразот им се извини на навивачите и побара да им простат. „Најпрво би сакал да им се извинам на сите навивачи на Динамо, се надевам дека ќе ни простат и ќе бидат со нас. Не е лесно да се излезе пред новинарите и да се коментира по овој пораз. Мора да бидеме свесни дека не го претставуваме само Динамо, туку и хрватскиот фудбал. Како соблекувална мора да се извлечеме и убеден сум во тоа. Динамо е голем клуб и клуб со голема историја. Сега е најлесно да се впери прстот кон некого и да се каже дека тој е виновен. Само заедно можеме да излеземе од оваа ситуација“, рече Ристовски. Баерн Минхен водеше со 3-0, потоа Динамо постигна два гола, но потоа следуваше вистински дебакл за тимот на Ристовски.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.