July 10, 2025 | | Свет
Стефан Ристовски летово прави пресврт во својата кариера – според хрватските медиуми, поранешниот македонски репрезентативец е на пат да потпише договор со босанскиот прволигаш ФК Сараево. По истекот на соработката со Динамо Загреб, хрватскиот шампион реши да не му понуди нов договор, па искусниот десен бек беше слободен агент. Не мораше долго да чека нов ангажман – Сараево се вклучи во трката и веќе се очекува официјализација на трансферот. Ристовски пристигнува на барање на тренерот Зоран Зекиќ, кој добро го познава од своето претходно искуство во Хрватска и смета дека токму тој е вистинското засилување за десната страна во одбраната. Договорот би требало да биде потпишан во текот на денот, со што Сараево ќе добие искусен интернационалец со настапи во неколку европски лиги и искуство од Лигата на шампионите.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |