Ристовски: Ќе славиме против Борусија Дортмунд и Хајдук!

November 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ристовски: Ќе славиме против Борусија Дортмунд и Хајдук!

Динамо Загреб оваа седмица ќе одигра два важни натпревари, најпрво против Борусија Дортмунд на „Максимир“ в среда од 20.45 часот, како и против Хајдук в недела од 17.45 часот. Очекувања за овие два натпревари даде македонскиот фудбалер Стефан Стефан Ристовски кој е убеден дека ќе имаат успешна недела. „В среда ни доаѓа сериозен противник со високо реноме. Нè чека тежок натпревар. Треба да направиме добри анализи, да се подготвиме, да покажеме вистинска енергија, пристап и да дојдеме до позитивен резултат во двата натпревари. Ќе победиме во двата меча“, рече Ристовски. Динамо Загреб моментално е на третото место во хрватската лига со 25 бодови, што е четири помалку од лидерот Хајдук, додека во Лигата на шампиони е сместен на 16. позиција со седум поени, продолжувајќи ја својата европска авантура со скромен резултат.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.