Ристовски скоро па сигурно заминува од Динамо Загреб: Одбил помала плата

March 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ристовски скоро па сигурно заминува од Динамо Загреб: Одбил помала плата

Хрватските медиуми известуваат дека Стефан Ристовски најверојатно ќе ја напушти екипата на Динамо Загреб по завршувањето на сезоната, бидејќи не го прифатил новиот договор што му бил понуден. Договорот на македонскиот дефанзивец со „модрите“ важи до 30 јуни, но преговорите за продолжување на соработката не се движат во посакуваната насока. Според информациите, Ристовски го одбил последниот предлог од клубот, бидејќи не е задоволен од финансиските услови. Имено, му било предложено намалување на платата од 700.000 евра на сума меѓу 450.000 и 500.000 фунти по сезона. Во последно време, поранешниот капитен на македонската репрезентација често беше под лупа на хрватските медиуми и фудбалски аналитичари. Незадоволството од минутажата што ја добива, во комбинација со критиките, сега доведува до првите информации за негово можно заминување. Хрватските портали „Германијак“ и „Индекс“ откриваат дека Ристовски уште од зимскиот преоден рок има понуда за нов договор, но предложените услови се значително послаби од тековните. Иако финансискиот аспект не е клучен проблем, изворите наведуваат дека Ристовски не се гледа како дел од идниот проект на клубот, особено со Канаваро како предводник на тимот. Доколку ситуацијата остане непроменета, македонскиот дефанзивец ќе стане слободен агент во следните неколку месеци и ќе може налето да направи трансфер без никаква отштета.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.