July 26, 2024 | | Свет
Договорот на Пеп Гвардиола со Манчестер Сити истекува наредното лето. Гвардиола пред неколку месеци имаше изјава каде посочи дека поголеми се шансите да замине отколку да остане. Од друга страна, управата на Сити до последниот момент кога има шанси ќе се обидува да го убеди Гвардиола да остане. Последната изјава која ја даде Гвардиола им дава надеж на навивачите на Сити дека и после 2025 година тој би можел да продолжи. За време на подоготовките за новата сезона кои клубот ги одбработува во САД Шпанецот зборуваше за својата иднина каде даде знаци дека би можел да биде дел од Манчестер Сити и во иднина. „Ако го сакаш тоа што го работиш зошто би престанал? Ми се доаѓа тука, исто како и во моментот кога ме вработија. Така да, одиме понатаму“, изјави Гвардиола. Тој дојде во Манчестер Сити во 2016 година каде успеа да освои се што можеше да освои, а врвот на мандатот го доживеа во 2023 година која ја освои тројната круна.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |