Роберто Карлос во проблем: Се разведе, жена му спие во куќата, a тој во комплексот на Реал

January 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Роберто Карлос во проблем: Се разведе, жена му спие во куќата, a тој во комплексот на Реал

Според Estadio Deportivo, легендата на Реал Мадрид, Роберто Карлос (51), се преселил во спортските објекти на клубот по разводот од сопругата Маријана Лукон. Тој има најмалку 11 деца од седум различни жени, а сега се соочува со тежок развод по 15 години брак. Карлос и Лукон беа заедно од 2009 година, а нивната разделба се очекува да биде сложен процес, бидејќи богатството на некогашниот фудбалер се проценува на околу 160 милиони долари. Наводно, родителите на неговата сопруга живеат во една од неговите недвижнини, додека таа останала во главната куќа, што го натера Карлос привремено да се пресели во спортскиот комплекс на Реал. Овој модерен комплекс на Реал Мадрид располага со луксузни соби со пет ѕвезди, кои често се користат од играчите кога е потребно. Роберто Карлос, кој моментално е дел од маркетинг и менаџмент тимот на клубот, престојува во една од тие соби, во непосредна близина на тренинг терените.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.