Роберто не може вечно да ја чека Барса: Реши да замине!

July 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Роберто не може вечно да ја чека Барса: Реши да замине!

Капитенот на Барселона, Серхи Роберто повеќе не сака да чека на Барселона и  одлучил да го напушти каталонскиот гигант. Информацијата беше пренесена од каталонските медиуми, а до промена дојде откако Чави ја напушти Барселона и дојде Ханси Флик. Интерес има од Валенсија и Севиља, но наводно тој гледа кон Премиер лигата. Тој со своите 32 години смета дека може да одигра уште некоја солидна сезона. Како опција се наметнува и МЛС Лигата. Роберто дебитираше под водство на Пеп Гвардиола во 2011 година,а претходно беше дел од младинските категории.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.