Роботот Халанд прави чуда: Постигна три гола, а последниот е фантастичен! (ВИДЕО)

August 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Роботот Халанд прави чуда: Постигна три гола, а последниот е фантастичен! (ВИДЕО)

Манчестер Сити го совлада Ипсвич со 4:1 а Ерлинг Халанд успеа да постигне хет-трик и веќе има четири гола во Премиер лигата. Резултатот го отвори Здомикс со гол во седмата минута, а потоа за четири минути Манчестер Сити постигна три гола. Во 12. минута Халанд постигна гол од пенал, потоа погоди Де Брујне, а Халанд го постигна и вториот гол во 16. минута. На полувремето беше 3:1 каде Сити рутински држеше контрола на натпреварот, а третиот гол Халанд го постигна во 88. минута каде прекрасно погоди со удар надвор од шеснаесетникот. Наредниот натпревар Сити ќе го одигра против Вест Хем во гости.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.