Родителите на Вирц убаво ќе заработат од трансферот во Ливерпул

June 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Родителите на Вирц убаво ќе заработат од трансферот во Ливерпул

Според реномираниот германски весник Билд, трансферот на Флоријан Вирц во Ливерпул не само што ќе биде рекорден за англискиот фудбал, туку и финансиски исплатлив за неговото семејство. Родителите на германскиот репрезентативец, кои дејствуваат и како негови агенти, ќе заработат околу 10 милиони евра провизија од зделката. Ливерпул, според најавите, ќе плати околу 137 милиони евра за да го донесе ѕвездениот фудбалер од редовите на Баер Леверкузен – што претставува историска бројка за клубот од „Енфилд“, но и за целата Премиер лига. Со тоа, Вирц ќе стане еден од најскапо платените фудбалери во историјата на англискиот фудбал. Родителите на 21-годишниот плејмејкер го водат неговиот менаџерски пат и во овој случај одиграле клучна улога во договорот меѓу клубовите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.