November 9, 2024 | | Свет
Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри, ја освои „Златната топка“ со предност пред Винисиус Жуниор од само 41 бод, пишува „L'Equipe“. Во претходните години разликата меѓу првиот и вториот обично изнесувала најмалку 100 поени. Гласањето го спроведуваат новинари од првите 100 земји на ранг-листата на ФИФА, при што секоја земја имаше по еден претставник. Тие од листата со 30 номинирани ги избираат десетте најдобри играчи во опаѓачки редослед, при што добиваат поени: 15, 12, 10, 8, 7, 5, 4, 3, 2 и 1 поен. Кај тројца од гласачите Винисиус не бил во топ 10, а Родри кај петмина. Финалното рангирање: Родри (Манчестер Сити / Шпанија) – 1170 Винисиус Жуниор (Реал Мадрид / Бразил) – 1129 Џуд Белингам (Реал Мадрид / Англија) – 917 Даниел Карвахал (Реал Мадрид / Шпанија) – 550 Ерлинг Халанд (Манчестер Сити / Норвешка) – 432 Килијан Мбапе (Реал Мадрид / Франција) – 420 Лаутаро Мартинез (Интер / Аргентина) – 402 Ламин Јамал (Барселона / Шпанија) – 383 Тони Крос (Реал Мадрид / Германија) – 291 Хари Кејн (Бајерн Минхен / Англија) – 201
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |