Родри: Мислев дека е лага кога ми кажаа дека Реал ќе ја бојкотира церемонијата

November 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Родри: Мислев дека е лага кога ми кажаа дека Реал ќе ја бојкотира церемонијата

Родри успеа да го совлада Винисиус Жуниор во трката за „Златната топка“ со само 41 поен разлика. Неколку часа пред церемонијата, Реал Мадрид и Винисиус дознаа дека Бразилецот нема да ја освои наградата, па решија да ја бојкотираат церемонијата. Родри откри дека на почетокот не верувал во веста за бојкотот и мислел дека тоа е лажна вест. „Немав поим што се случува, бев изненаден кога почнаа да ме прашуваат што мислам за бојкотот на делекацијата на Реал. Мислев дека се работи за лажни вести. Кога слетав во Париз, добив повеќе пораки со честитки. Тогаш сфатив дека се качив во авионот за да учествувам на церемонијата и практично слетав како победник. Беше тешко поради веста за летот од Мадрид, но решив да не обрнувам внимание на тоа туку да уживам во вечерта“, изјави Родри.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.