Родри не планира да си замине од Сити!

July 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Родри не планира да си замине од Сити!

Родри кој најверојатно е најдобриот дефанзивен играч за врска во светот игра на многу високо ниво цела сезона, како и на ова Европско првенство. Многу внимание привлече изјавата на Карвахал кој рече дека го убедува да дојде во Реал Мадрид и дека во Манчестер е ладно. Родри мораше да даде изјава и да го негира потенцијалниот трансфер во Реал. „Многу, многу сум среќен во Англија. Обожавам да играм во дресот на Манчестер Сити, бидејќи тоа е еден од најдобрите клубови во светот. Имам договор и за следните три години, и кога ќе дојде време тогаш ќе размислам и ќе разговарам за мојата инднина, сега нема причина за такви работи“, рече Родри.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.