Родри откри каков совет му дал Бускетс за Пеп: Легендата на Барселона била за сѐ во право

September 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Родри откри каков совет му дал Бускетс за Пеп: Легендата на Барселона била за сѐ во право

Родри прерасна во најдобриот заден везен фудбалер во светот, а уште од своите почетоци тој се споредува со Серхио Бускетс бидејќи ја играат истата позиција и имаат слични афинитети во стилот на игра. Шпанецот е еден од главните кандидати за освојување на „Златна топка“, а сега откри каков совет му дал Бускетс кога му се отвори можноста да премине во Сити. „Кога имав шанса да се преселам во Манчестер Сити, разговарав со Серхио Бускетс и го прашав што значи да се соработува со Пеп Гвардиола. Тој прво ми рече дека Пеп ќе ме направи подобар играч, и дека никогаш нема да престане да те притиска. Според мене, уникатно за Пеп е тоа што секогаш е чекор напред. Секогаш еволвира пред останатите да еволвираат. Нема шанси да остане на тоа што било минатата сезона, знае дека конкуренцијата секогаш ја анализира вашата игра од претходната сезона“, изјави Родри. Шпанецот додаде и дека тешко е да се освојат четири титули по ред во Премиер лигата доколку се мирува.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.