Родри предупреди: Ќе стапиме во штрајк ако продолжи ова

September 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Родри предупреди: Ќе стапиме во штрајк ако продолжи ова

Играчот од средниот ред од редовите на Манчестер Сити и еден од фаворитите за „Златна топка“ Родри е уште еден во низа фудбалери на Сити кој зборува за прегустиот календар. Пред првиот натпревар на неговиот тим со Интер, Шпанецот на задолжителната прес-конференција зборуваше и за овој проблем и рече дека фудбалерите се изложуваат на огромен напор и дека треба да се направи нешто околу ова. „Ако прашате било кој играч, сите ќе го кажат истото. Тоа е мислењето на сите во Европа, не го измислувам јас во моментов. Ако вака продолжиме, мислам дека штрајкот е единствено решение за смирување на ситуацијата. Мора да се грижиме за себе и да внимаваме на нашето здравје. Знаеме дека публиката сака многу натпревари, но да не заборавиме дека и ние сме сепак само обични луѓе. Јас мислам дека со зголемениот број на мечеви, драстично може да падне квалитетот на фудбалот во Европа. Време е да размислиме што правиме, затоа што не сме на добар пат“, вели Родри. Претходно, неговите соиграчи Де Брујне, Бернардо Силва и Аканџи исто така зборуваа за овој проблем.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.