Родриго може да си оди од Реал, но цената е страшна

June 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Родриго може да си оди од Реал, но цената е страшна

Родриго Гоес, бразилскиот напаѓач на Реал Мадрид, неодамна за прв пат призна дека се сомнева во неговата иднина во клубот со доаѓањето на Ендрик и Мбапе. Тој, исто така, го пофали Манчестер Сити, нарекувајќи го „најдобриот тим во светот, оној кој игра најдобар фудбал“. Тоа очигледно не му се допадна на Перез кој наводно е спремен да го продаде Родриго. Каталонски „Sport“ пренесува дека Реал Мадрид односно Перез веќе ја одредил цената за Бразилецот а истата изнесува 150 милиони евра. Перез наводно рекол дека кој сака да го ангажира Родриго, ќе мора да ја плати оваа цена.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.