Родриго незадоволен од замената, камерите ја фатија неговата реакција (ВИДЕО)

August 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Родриго незадоволен од замената, камерите ја фатија неговата реакција (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 3:0 славеше на гостувањето кај Овиедо и така ја впиша втората победа во исто толку кола на стартот од Ла Лига. Килијан Мбапе го отвори резултатот во 37-мата минута, а домаќините беа на чекор до израмнување во 82-рата минута кога погодија статива. Нивното промашување го искористија „кралевите“ – во следниот напад повторно Мбапе погоди за 0:2. Точката на триумфот ја стави Винисиус Жуниор во судиското надополнување за конечни 0:3. И покрај сигурната победа, најголемо внимание привлече Родриго. Бразилецот беше стартер, но беше заменет во 63-тата минута и при излегувањето јасно покажа незадоволство кон одлуката на тренерот Чаби Алонсо. Неговата реакција беше фатена од камерите, а тоа сигурно нема да му се допадне на стратегот кој претходно му даде ултиматум да го оправда своето место во тимот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.