Родриго рано го смрзна Атлетико, возврати Алварез со проектил (ВИДЕО)

March 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Родриго рано го смрзна Атлетико, возврати Алварез со проектил (ВИДЕО)

Во моментов се игра првиот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид во рамките на осминафиналето од Лигата на шампиони. Реал Мадрид рано поведе преку Родриго кој прекрасно се проби и беше прецизен со неговата послаба нога. По тој гол, домаќините ја имаа иницијативата и го напаѓаа градскиот ривал, но без некоја конкретна шанса. Само 28 минути подоцна Хулиан Алварез прекрасно погоди и го врати резултатот на почеток. Прекрасниот Аргентинец влезе во шеснаесетникот по што реши да бие и да погоди прекрасно со помош на стативата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.