Родриго размислува да замине, би останал само под еден услов

May 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Родриго размислува да замине, би останал само под еден услов

Ситуацијата со Родриго во Реал Мадрид изгледа како уште еден пример за тоа колку присуството на големи имиња може да создаде внатрешна тензија во еден тим преполн со ѕвезди. Доаѓањето на Килијан Мбапе го помести фокусот кон „новото светото трио“ Мбапе, Винисиус и Белингем оставајќи го Родриго, и покрај неговиот значаен придонес, во сенка. Фактот што тој размислува за заминување е разбирлив, особено ако чувствува дека нема да има доволно простор за развој и клучна улога во тимот. Но, потенцијалниот ангажман на Чаби Алонсо како нов тренер може да биде пресвртна точка, ако Алонсо експлицитно му даде поддршка и визија за неговата улога, Родриго би можел да остане и да биде дел од новиот проект.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.