Рои Кин: Арсенал пак покажа менталитет на мал клуб (ВИДЕО)

September 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Рои Кин: Арсенал пак покажа менталитет на мал клуб (ВИДЕО)

Малку фалеше Арсенал да го совлада Манчестер Сити на „Етихад“ каде на крај резултатот беше 2-2. Арсенал се бранеше цело второ полувреме и тоа одлично каде играта цело време беше префрлена на нивната половина поради играчот помалку кој го имаа гостите. Легендата на Манчестер Јунајтед Рои Кин реши пак да се осврне на овој дуел и да го прокоментира настапот на Арсенал. „Ако менаџерите како Сем Алардајс, Нил Ворнок или Стив Брус вака го постават натпреварот, тогаш тие жестоко се напднати. Кога Арсенал ќе го направи тоа, многумина велат дека тоа е брилијантен план. Кога ќе ја освоеја топката требаше да се обидат да поврзат некое додавање и да тргнат напред, зборуваме за Арсенал, а не екипа од Чемпионшиш која игра во ФА купот. Единствено што тие правеа е што ја исфрлаа топката како мал клуб. На почетокот на сезоната мислев дека Арсенал може да ја освои титулата, но пет-шест натпревари подоцна не сум убеден во тоа“, изјавил Кин. ИЗЈАВАТА НА КИН

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.