October 29, 2026 | | Свет
Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно упати остри критики кон клубот, овојпат поради одлуката Мајкл Карик да биде назначен за менаџер. Според Ирецот, Карик не е вистинското решение за долгорочна иднина на „црвените ѓаволи“. Кин смета дека одлуката била донесена пребрзо, без доволно докази дека Карик е подготвен да се справи со сите предизвици што ги носи водењето на еден клуб од калибарот на Манчестер Јунајтед. „Тоа го зборувавме уште од првиот ден. Рековме дека тој не е доволно добар за долгорочно решение. Минатата сезона водеше тим на неколку натпревари, а одеднаш стана менаџер на фудбалски клуб каде што мора да се справуваш со подготовките, очекувањата, трансферите и сите останати обврски“, изјави Кин. Поранешниот капитен посочи и на, според него, двојните стандарди во оценувањето на работата на Карик. Кога резултатите биле добри, многумина сметале дека заслужува да ја добие функцијата, но кога резултатите не се на посакуваното ниво, вината се префрла кон управата. „Минатата година луѓето велеа: ‘Мора да му ја дадете работата поради резултатите!’ Сега, кога резултатите не се добри, одеднаш велат: ‘Но, проблемот е во управата!’“, истакна Кин.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |