Рој Кин остро: Требало да му одземат две недели плата на Мартинез

October 15, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

Рој Кин остро: Требало да му одземат две недели плата на Мартинез

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, упати остри критики кон Лисандро Мартинез по неговите коментари за сезоната во која англискиот клуб го освоил третото место. Кин не се согласува со оценката на аргентинскиот дефанзивец дека станувало збор за фантастична сезона, нагласувајќи дека таквите резултати некогаш не ги задоволувале високите стандарди на клубот од „Олд Трафорд“. „Тој навистина мисли дека имале фантастична сезона. Кога завршиле на третото место? Вау! Требало да му одземат две недели плата само затоа што го кажал тоа“, изјави Кин.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.