Рокдејл Илинден од Австралија започна иницијатива за собирање средства за настраданите во Кочани

March 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Рокдејл Илинден од Австралија започна иницијатива за собирање средства за настраданите во Кочани

Фудбалскиот клуб Рокдејл Илинден, основан од македонските иселеници во Австралија, преку социјалните мрежи упати апел за итна мобилизација и собирање финансиски средства за помош на настраданите од трагедијата во Кочани. Клубот ги повика сите заинтересирани да се приклучат на иницијативата што е можно побрзо, со цел да се обезбеди поддршка за семејствата најтешко погодени од оваа катастрофа. Се очекува значајна помош од македонската заедница во Австралија, каде што живеат стотици илјади Македонци, кои низ годините секогаш покажувале солидарност во вакви тешки моменти.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.