Рома и официјално го потврди најдобриот стрелец во Ла Лига!

August 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Рома и официјално го потврди најдобриот стрелец во Ла Лига!

Рома го потврди трансферот на најдобриот стрелец за изминатата сезона во Примера, Артем Довбик, кој пристигнува од редовите на Џирона. Лично тој ги одби Атлетико Мадрид и ја преферираше Рома. Трансферот е вреден максимални 38,5 милиони евра, а договорот е со важност до 2029 година. Фиксната сума е 30 милиони евра а може да порасне за уште осум доколку Довбик исполни одредени клаузули во договорот. Минатата сезона ја заврши како најдобар стрелец во Ла Лига со 24 постигнати голови. Летово Рома потроши околу 100 милиони евра на трансфери каде ги ангажираше Матиас Суле од Јувентус, Енцо Ле Фе од Рен, Самуел Дал од Ѓургарден, а во целост беше откупен и Анхелињо од РБ Лајпциг.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.