Романо ексклузивно: Промашувањето на Барселона преминува во Саудиска Арабија?!

July 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Романо ексклузивно: Промашувањето на Барселона преминува во Саудиска Арабија?!

Фабрицио Романо вечерва објави ексклузивна информација поврзана со напаѓачот на Барселона Витор Роке. Имено, Ал Хилал ги контактирал клубот и играчот и сакаат да го донесат летово! Воедно, Барселона најверојатно би била отворена за продажба бидејќи според досегашните информации, Ханси Флик исто како и Чави претходно не е задоволен од тоа што го гледа кај Роке. Сега, самиот Роке ќе треба да одлучи што е следно за него, а ваквиот трансфер и тоа како ќе и помогне на Барселона за финансискиот фер плеј, но конечната одлука ќе ја има самиот Роке. Тој во јануари дојде во Барселона од редовите на бразилски Атлетико Паранаенсе за фиксна сума од 40 милиони евра плус бонуси.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.