Романо откри за колку пари Челси ќе го купи Санчо!

August 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Романо откри за колку пари Челси ќе го купи Санчо!

Челси и Манчестер Јунајтед се договорија за услугите на Џејдон Санчо каде Англичанецот ќе биде на позајмица со обавезен откуп наредното лето. Според информациите на Фабрицио Романо, наредното лето Челси ќе го откупи Санчо за само 25 милиони фунти. Тоа е прилично ниска сума со оглед на тоа што во 2021 година Јунајтед го купи Санчо за 85 милиони евра каде не ги исполни очекувањата, а вториот дел од минатата сезона исто така ја помина во Дортмунд на позајмица.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.