Романо потврди: Киеза потпишува за Ливерпул!

August 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Романо потврди: Киеза потпишува за Ливерпул!

Федерико Киеза ќе биде нов играч на Ливерпул, потврди Фабрицио Романо. Трансферот ќе чини 13 милиони евра плус одредени бонуси. Тој ќе потпише договор на четири години, а планот е да отпатува во текот на денот во Ливерпул за да го комплетира трансферот. Како што пренесува Романо, Киеза лесно се договорил со Ливерпул и веднаш ја прифатил понудата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.