Романо потврди: Ракитиќ се преселува во Хајдук!

July 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Романо потврди: Ракитиќ се преселува во Хајдук!

Иван Ракитиќ ќе биде нов фудбалер на Хајдук каде постигнал договор на две години. Оваа информација ја пренесе Фабрицио Романо, а тој тврди дека иако Ракитиќ имал добар период во Ал Шабаб, сепак се одлучил за промена. Она што ја направила разликата е управата во Хајдук. Имено, во моментов, Калиниќ е директор на Хајдук, Перишиќ ќе му биде соиграч, а Гатусо тренер. Улогата на Ракитиќ ќе биде да помогне Хајдук да ја освои првата шампионска титула во домашното првенство по 2005 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.