Роналдо блесна со хет-трик – Ал Наср го декласира Рио Аве (ВИДЕО)

August 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо блесна со хет-трик – Ал Наср го декласира Рио Аве (ВИДЕО)

Ал Наср продолжува со одличните подготовки низ Европа, а последната жртва на саудискиот гигант беше португалскиот Рио Аве, кој падна со убедливи 4-0. Средбата ја отвори Симака со гол во 15. минута, а потоа на сцена стапи Кристијано Роналдо, кој буквално ја презеде контролата врз натпреварот. Португалската суперѕвезда постигна хет-трик, уште еднаш потсетувајќи зошто и на 40 години е меѓу најголемите имиња во фудбалот. Ова беше уште еден тест за Ал Наср пред нивниот последен подготвителен натпревар во Европа, кој ќе го одиграат против шпанската Алмерија на 10 август. По тоа, тимот се враќа во Саудиска Арабија, каде на 19 август ги очекува полуфиналниот дуел од Суперкупот против големиот ривал Ал Итихад.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.