October 19, 2025 | | Свет
Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието во Саудиска Арабија, потсетувајќи зошто и на 40-годишна возраст сè уште е меѓу најголемите фудбалски ѕвезди на светот. Во убедливата победа на Ал-Наср над Ал-Фатех (5-1), Португалецот постигна мајсторски погодок во 60-тата минута, испраќајќи вистински проектил под пречката од левиот агол на шеснаесетникот. Неговиот гол предизвика еуфорија на трибините, а уште еднаш ја потврди неговата легендарна прецизност и физичка подготвеност. За Ал Наср стрелаа и Коман, како и Жоао Феликс, кој блесна со хет-трик. Со оваа победа, Ал-Наср го продолжи својот импресивен поход во шампионатот и се доближи до врвот на табелата. По натпреварот, се случи и весел момент кој ги насмеа навивачите. Роналдо се приближи до трибината со најжестоките фанови, каде се наоѓаше и популарниот јутјубер iShowSpeed, кој се обидуваше да го води навивањето. Кога забележа дека на Американецот не му оди ритамот на тапанот, Роналдо му даде знак од теренот, обидувајќи се да му помогне да влезе во такт — сцена која брзо стана вирална на социјалните мрежи.
Португалската ѕвезда уште еднаш покажа дека, покрај неверојатниот талент, знае и како да ја забавува публиката – и на теренот, и надвор од него.Cristiano Ronaldo teaching Speed how to do the post game celebration. I’m crying 😭😭😭 pic.twitter.com/dsLt2rPAAK
— TC (@totalcristiano) October 18, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |