June 18, 2024 | | Свет
Вечерва Португалија ќе го одигра својот прв натпревар на ова Европско првенство и тоа против Чешка. Се очекува Кристијано Ронало да биде стартер, а со самото стапнување на терен тој ќе постави рекорд. Самиот настап вечерва ќе значи дека тој ќе стане првиот фудбалер во историјата кој заиграл на шест европски првенства што само ја покажува неговата долговечност и желба за натпреварување. Тој дебитираше на Европското првенство во 2004, а претходно го има освоено овој турнир, во 2016 со победата против Франција. Сезонава на 45 натпревари за Ал Наср, има учинок од 44 гола и 13 асистенции. Вкупно на европските првенства има постигнато 14 гола и девет асистенции.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |