Роналдо добива супер тим – Ал Наср ја сака ѕвездата на Милан

July 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо добива супер тим – Ал Наср ја сака ѕвездата на Милан

Саудискиот гигант Ал Наср сериозно се подготвува за новата сезона откако успеа да го убеди Кристијано Роналдо да потпише нов договор. Како дел од преговорите, клубот му вети на португалската ѕвезда конкурентен состав способен за борба за највисоките трофеи. Прв чекор кон исполнување на тоа ветување може да биде ангажманот на еден од најдобрите фудбалери на Милан – Кристијан Пулишиќ. Според информации од италијанските медиуми, Ал Наср е подготвен да испрати финансиски примамлива понуда која Американецот тешко би ја одбил. Дополнително, се шпекулира дека во потенцијалната зделка може да биде вклучен и Ејмерик Лапорт, кој би се преселил од Саудиска Арабија во Милан како дел од договорот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.