Роналдо го „пецна“ Јуве во разговорот со Шчесни: Потпиша за голем клуб! (ВИДЕО)

October 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо го „пецна“ Јуве во разговорот со Шчесни: Потпиша за голем клуб! (ВИДЕО)

По натпреварот во Лигата на Нации помеѓу Полска и Португалија, се сретнаа Војчех Шчесни и Кристијано Роналдо. Освен што разговараа, децата на Шчесни се фотографираа со Роналдо. „Иако потпишав за Барселона моите деца и понатаму се твои големи фанови“, рече Шчесни „Знам, знам“, рече Роналдо. Кристијано потоа го праша дали е среќен. Чувството е неверојатно“, рече Шчесни, а потоа следуваше интересен коментар на Роналдо. „Требаше да се пензионираш за да потпишеш за голем клуб“, одговори Португалецот. Ваквиот коментар може да биде провокација за Јувентус, клуб во кој тие двајца играа заедно. Во својата кариера Шчесни бранеше и за Арсенал и Рома.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.