Роналдо испадна од Азиската ЛШ, па се расправаше сам со себе (ВИДЕО)

May 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо испадна од Азиската ЛШ, па се расправаше сам со себе (ВИДЕО)

Поразот на Ал Наср од Кавасаки во полуфиналето на Азиската лига на шампиони не беше само неочекуван резултат на теренот, туку и тежок удар за Кристијано Роналдо, кој повторно остана без посакуваниот трофеј во дресот на саудискиот клуб. И покрај доминацијата во натпреварот, тимот не успеа да ја материјализира контролата, а Роналдо, очигледно фрустриран и разочаран, покажа сериозни емоции на крајот со невообичаено однесување на теренот. По елиминацијата, тој се расправаше сам со себе, си вршеше реконструкција на натпреварот, гестикулираше со рацете и тоа траеше подолго време. Ова повторно отвора прашања околу неговата мотивација, притисокот кој самиот си го наметнува и евентуалната фрустрација поради сè подолгиот период без голем трофеј. Тој сè уште нема освоено ниту еден пехар со Ал Наср, што за играч од негов калибар и амбиции сигурно е големо разочарување.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.