December 30, 2024 | | Свет
Со изјавата која претходната недела Кристијано Роналдо ја даде за тоа дека лигата во Саудиска Арабија е потешка од Француската лига, Португалецот предизвика големи реакции. Коментарот предизвика одговор и од официјалниот профил на Лига 1 на социјалните мрежи. Роналдо се пожали на тешките услови за игра во Саудиска Арабија, споменувајќи дека натпреварите често се одигруваат на високи температури од 38-39 степени. Французите не ја пропуштија можноста да го „пецнат“ на начин кој веројатно најмногу го засега. Тие споделија фотографија од Лионел Меси како го подига трофејот од Светското првенство во Катар, што се одигра на слични температури, и напишаа: „Лео Меси играјќи на 38 степени,“ со јасна алузија на успехот на Аргентинецот кој по освојувањето на Мундијалот го зацврсти својот статус како најдобар на сите времиња.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |