Роналдо: Јамал е феномен, оставете го на мира, ќе освои многу трофеи!

June 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо: Јамал е феномен, оставете го на мира, ќе освои многу трофеи!

По финалето на Лигата на нации, Кристијано Роналдо му даде силна поддршка на Ламин Јамал, 17-годишниот талент од Шпанија. Иако Јамал немаше значаен настап во финалето, за разлика од 40-годишниот Роналдо кој постигна гол и беше меѓу најдобрите, португалската ѕвезда одби да го критикува младиот играч. „Ламин ќе освои многу трофеи, и со тимовите и како поединец. Тој е феномен“, рече Роналдо. „Ќе има долга кариера и сигурно ќе освои и Лига на нации.“ „Има само 17 години, ве молам, оставете го на мир. Треба да остане смирен и да продолжи да се развива.“

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.