December 25, 2024 | | Свет
Кристијано Роналдо има изградено впечатлива кариера, исполнета со бројни успеси, а еден од најзабележителните моменти се неговите настапи за Манчестер Јунајтед. Под водство на легендарниот тренер Сер Алекс Фергусон, Роналдо се истакна како еден од најдобрите играчи на светот. Нивната соработка беше одлична, иако на почетокот на неговиот престој во клубот не беше сè така едноставно. Во документарен филм, поранешниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд, откри една интересна ситуација што се случила во соблекувалната на Манчестер Јунајтед. „Бевме во Португалија кога Бенфика нè победи со 2-1 и Роналдо не играше добро. Уште беше млад, а тренерот го критикуваше: Кој си ти? Дојде тука и се обидуваш на сите да им докажеш нешто, мислиш дека си суперѕвезда. Се сеќавам дека Роналдо плачеше по тие зборови во соблекувалната, а на Фергусон му беше гајле“, откри Фердинанд.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |