December 27, 2024 | | Свет
Кристијано Роналдо моментално се наоѓа во Дубаи, каде присуствува на доделувањето на наградите „Супер Глоуб“. Португалецот во разговорот се осврна на многу теми, вклучувајќи ги и неговите поранешни клубови, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, за јачината на саудиската лига, како и за тоа дали еден ден би бил тренер. Роналдо не се согласува со оценката дека Реал Мадрид има слаба сезона, посочувајќи дека тимот е пред Барселона. „Не ги разбирам тие тврдења. Реал е тим кој никогаш не смеете да го отпишете. Ако сакате да се обложите на некого во Лигата на шампионите, обложете се на Реал. „Бернабеу“ е поинаков стадион, сите се плашат да играат на него“, рече Роналдо. Тој зборуваше и за лигата во Саудиска Арабија, сметајќи дека е подобра од француската Лига 1. „Обидете се да трчате на 39-40 степени и ќе видите како е. Франција го има само ПСЖ“, додаде Португалецот. Кога беше прашан за својата иднина, Роналдо ја повтори својата одлука да не стане тренер, но изрази интерес за можноста да остане во фудбалот, можеби како сопственик на клуб. „Не би бил тренер или менаџер, но можеби би станал сопственик“, рече тој. На прашањето за Манчестер Јунајтед, Роналдо изрази љубов кон клубот и им посака успех, но истакна дека проблемите не се во тренерот. „Го сакам Манчестер Јунајтед и им посакувам најдобро. Проблемот не е во тренерот, туку во други работи“, заклучи Роналдо.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |