Роналдо купува акции во тимот на Столе Димитриевски?

February 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Роналдо купува акции во тимот на Столе Димитриевски?

Според пишувањата на шпанските и португалските медиуми, Кристијано Роналдо има намера да инвестира во Валенсија, клубот каде што настапува и македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски. Сегашниот сопственик, Питер Лим, наводно планира во наредните месеци да продаде значителен дел од акциите на португалската фудбалска ѕвезда. Роналдо, како дел од своите идни планови по завршување на кариерата, има цел да стане дел од шпанскиот фудбал како инвеститор, а овој проект би бил поддржан и од Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија. Ако овие најави се остварат, Валенсија би можела да се врати на врвот на шпанскиот фудбал и повторно да стане конкурентен тим во Ла Лига.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.